Оглас за вработување во ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Оглас за вработување во ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ

ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје - сервисно друштво на Делегацијата на Германското стопанство во Македонија бара за работа од 1. февруари 2018 година: 

Овластен(а) сметководител(ка) со лиценца (Senior)

Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:

1. Завршено високо образование (Економски фактултет)
2. Одлично познавање на локалните сметководствени стандарди, сметководствената пракса, како и законските прописи за известување
3. Задолжително познавање на МСФИ стандардите
4. Одлично познавање на работа со компјутер (МС Офис и Интернет)
5. Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишување и зборување)
6. Познавање германски јазик ќе се смета за предност
7. Работно искуство од најмалку 10 години
8. Искуство во работа со Pantheon ќе се смета за предност
9. Искуство во работа како регистрационен агент ќе се смета за предност
10. Уверение за овластен сметководител издадено од Министерството за финансии
11. Способност за тимска работа
12. Амбициозна, исполнителна и педантна личност, со способност да работи во динамична работна средина

Работни задачи:
1. Сметководство за сопствени потреби и за германски клиенти во Македонија
2. Cash-Flow, планирање и контрола на буџет, развивање контролни процедури, мерење на перформанси и поддршка на управата во областа на финансиите и контролата
3. Изработка на плати
4. Изготвување на финансиски анализи, извештаи и прогнози
5. Изготвување на завршни сметки
6. Изготвување на периодични информации за новини во сметководствените прописи во Македонија за потребите на германските клиенти

Потребни документи за аплицирање:
Мотивационо писмо на англиски или германски јазик
Биографија на англиски или германски јазик
Копија од Уверение за завршено образование
Копија од Уверение за овластен сметководител
Фотографија не постара од 6 месеци

Документите да се достават до 10.01.2018 на мејл: jobs@mazedonien.ahk.de

Ве молиме без телефонски повици.