Оглас за вработување во Министерството за информатичко општество и администрација

Оглас за вработување во Министерството за информатичко општество и администрација

Врз основаначлен 22 став (8) од Законот за вработените во јавниот сектор („СлужбенвесникнаРепубликаМакедониј^број 27/14, 199/14 и27/16), член 22, став (1), алинеја 1 одЗаконотзаработните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015 и 27/2016), Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија објавува
ЈABEH ОГЛАС
за вработување на 7 (седум) лица во Министерството за информатичко општество и администрација на определено време

Министерството за информатичко општество и администрација објавува оглас за вработување на 7 (седум) лица на определено време на следниве позиции:

1. Помлад соработник за Координација и следење на стратешки планови, во Одделение за стратешко планирање, анализа на мониторинг на политиките, во Сектор за стратешко планрање ЕУ интеграција и меѓународна соработка 1 извршител

2. Помлад соработник за Следење и известување на ИПА проекти, во Оделение за ИПА фондови, во Сектор за стратешко плаирање ЕУ интеграција и меѓународна соработка 1 извршител

3. Помлад соработник за Оперативни работи за надминување на административните бариери и подобра регулатива, во Одделение за надминување на административните бариери и подобра регулатива, во Сектор за регулаторна реформа 1 извршител

4. Помлад соработник за Организација и спроведување на стручно усовршување за административни службеници и вработени во јавен сектор во училница, во Одделение за организација, координација и спроведување на стручно усовршување во училница и преку електронски систем за управување обуки, во Академиja за стручно усовршување на административните службеници 1извршител

5. Помлад референт за поддршка на проектите „Светот на дланка бесплатни интернет клубови" и „Компјутер за секое дете" североисточен регион, во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој и промоција на информатичко општество 1 извршител

6. Помлад референт за Поддршка на проектите „Светот на дланка бесплатни интернет клубови" и „Компјутер за секое дете" југозападен регион во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој и промоција на информатичко општество 1 извршител

7. Помлад референт за поддршка на проектите „Светот на дланка бесплатни интернет клубови" и „Компјутер за секое дете" југоисточен регион во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој и промоција на информатичко општество 1 извршител

Кандидатите треба да ги нсполнуваат следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за информатичко општество и администрација (за сите кандидати):

да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

За работите места под реден број 1 2, 3 и 4 кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за информатичко општество и администрација: да имаат завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации
и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, и тоа:

за работно место под реден број 1 (Правни, економски или политички науки),
за работно место под реден број 2 (Организациони науки и управување (менаџмент), наука за книжевноста или економски науки)
заработно место под реден број 3 (Правни науки или економски науки)
за работно место под реден број 4 (Организациони науки и управување (менаџмент), образование или економски науки).
со или без работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), и тоа поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно
КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.

За работите места под реден број 5, 6 и 7, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за информатичко општество и администрација:
да имаат завршеноVA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо илисредно образование (гимназиско, средно стручно илиуметничко образование);
без работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), и тоа поседување намеѓународно признат сертификат издаден одофицијален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Al (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заврена кај нотар, и тоа:
Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:

Доказ за државјанство;
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение / диплома за завршен степен на образование;
Доказ познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Доказ за познавање на еден од од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски јазик);
Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08:30 до 1 6:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата за работните места подреденброј 1, 2, З и 4 изнесува 20. 969 денари.
Паричниот износ на основната нето плата за работните места подреденброј5, 6 и 7 изнесува 13. 148 денари.

Со избраните кандидатиќе се склучи договор за вработување на определено време. Вработувањето е во траење од 1 една година.
Рокот за доставување на приј авите со потребните документи изнесува 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Министерството за информатичко општество и администрација или по пошта на следнава адреса:
Министерство за информатичко општество и администрација
бул. „Св. Кирили Методиј" бр. 54, 1000 Скопје
Архивата на министерството
(со назнака „за оглас за вработување")

Контакт број 02 3200 870
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.