Ви треба инспирација? Може да ви помогне архивата на Маркез објавена онлајн

Ви треба инспирација? Може да ви помогне архивата на Маркез објавена онлајн

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

маркез
Фото: AFP

Пред неколку години архивата на големиот Габриел Гарсија Маркез му била продадена на Универзитетот во Тексас. Многу луѓе го критикуваа ова поради фактот што наследството на еден од најголемите јужноамерикански писатели, горлив критичар на американскиот империјализам, завршило на север, во Америка.

Сега, овој универзитет дигитализира приближно половина од материјалот, така што 27.000 скенирани страници текст сега се достапни за секој со интернет-врска. Интернет-архивата вклучува материјал и белешки што настанале во текот на работењето на сите важни дела на Маркез, вклучувајќи го и романот „Сто години самотија“ што го прослави.

markez
Фото: Harry Ransom Center

Освен тоа, архивата содржи и досега необјавени фотографии, сценарија... Иако архивите во дигитална форма денес се доста чести, објавувањето материјал на автор чија работа сè уште подлежи на авторски права не е баш вообичаено.

Дигиталната архива не вклучува ниту еден од 10. нацрти на последниот и никогаш довршен роман „Ќе се видиме во август“, но сепак содржи 32 страници нацрт од мемоарите на Маркез во кои се раскажува периодот во животот кога тој се преселил од Европа во Мексико Сити, каде што живеел сè до неговата смрт.