Koга возбудата трае АВАНТУРА со Државна лотарија на Македонија продолжува

Koга возбудата трае АВАНТУРА со Државна лотарија на Македонија продолжува

Со задоволство Ве информираме дека  веќе од денес , четврток 14.12.2017 година , во продажба е втората серија на инстант лозот АВАНТУРА, која можете да ја побарате во сите продажни места на Државна лотарија на Македонија , со занкот на детелинка.



Инстант лозот Авантура во својата втора серија  во фондот на добивки нуди 5 (пет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 19.065.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на малите автомобили во полето со емулзија , под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми,а  главната премија  автомобил КИА СПОРТАЖ е остварена ако во 3 (три) од деветте полињата се откријат симболи на автомобил.

 Играчите на инстант лозот ‘Авантура’ за 60 денари ќе имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки . По успешната прва серија од овој лоз , Државна лотарија на Македонија ја лансира втората серија во двојно помал тираж од 500 000 лозови , и со поголем фонд на добивки . Овој пат 5-те автомобили чекаат на своите нови сопственици, а автомобилите добиени од првата серија се возат во неколку градови низ Македонија.  Исто така и бројните парични добивки од 40 денари до 50 000 денари ги очекуваат играчите на овој инстант лоз

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во „Авантура“ и изгребете 3 (три) автомобили за главната премија Kia Sportage!