Оглас за вработување во Водостопанство на Република Македонија

Оглас за вработување во Водостопанство на Република Македонија

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија бр. 167/201 5 и 27/16), a во врска со Одлуката за потреба од засновање работен однос бр. 02043740 од 13. 12. 2017 година, Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со работници за следните работни места:

1. Осум (8) лица на работно место - Машинисти

Со завршена III или IV степен ССС, 3 години работно искуство.
Основна плата за работното место е од 13. 700. оо до 17, 500. оо денари.
Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа.
Дневното работно време трае 8 часа и започнува од 07, 30 до 1 5, 30 часот со пауза од 30 минути.

Со пријавата кандидатите треба да достават:
- Пријава;
- Копија од лична карта;
- Доказ за завршено образование (оригинали или копија заверена на нотар);
- Доказ за работно искуство;
- Уверение за државјанство (копија);
- Лекарско уверение за општа здравствена состојба (не постаро од 6 месеци)
- Контакт телефон.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.
Заинтересираните кандидати пријавите со потребните документи за исполнување на посебните услови по овој оглас можаг да ги достават непосредно до архивата на Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје, ул. „3та Македонска Бригада, бр. 10 a Скопје или по пошта. со назнака „ЗА ОГЛАС„. Телефон за контакт 078499412, лице за контакт Елеонора Милкова.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши по претходно тестирање, a во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати за наведеното работно место.
Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави нема да се земаат во предвид при разгледување.
АД „Водостопанство на РМ" - Скопје