Три чекори до вид без диоптрија

Три чекори до вид без диоптрија

sistina

Декемвриски попуст од 53% на прегледот за ласерска корекција на диоптрија во „Систина Офталмологија“! Количините се ограничени, затоа навреме обезбедете си ваучер. Ако сте кандидат за интервенцијата и ја направите до 31.12.2017, ви следува новогодишно изненадување!

Ласерската корекција на диоптрија е метода што се користи во светот веќе 28 години и преку која на брз, безболен и безбеден начин трајно се симнува диоптријата.

Станува збор за една од најмодерните интервенции на денешницата, но знаете ли всушност кои се чекорите што ве носат до живот без оптички помагала?

Прв чекор -> Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Многу често знаеме да кажеме дека прегледот за ласерската корекција на диоптрија е еден вид систематски преглед на вашето око бидејќи се анализира секој дел од окото. Зошто е тоа важно? Кандидатот за оваа интервенција мора да има здраво око. Под здраво око се подразбира око чија заднина нема одредени аномалии или болести кои може да доведат до компликации на видот по интервенцијата. Диоптријата и цилиндарот, пак, влегуваат во групата на рефрактивни грешки кои се коригираат со ласер и не се сметаат за очна болест.  Поради тоа, ласерската корекција се вбројува во групата на естетски интервенции.

Пред самиот преглед многу е важно да мирувате од носење контакни леќи извесен период за да „се одмори“ рожницата на окото од леќите. Да се манифестира реакниот цилиндар, односно формата на рожницата без притисокот од леќата.

Прегледот временски трае од час до час и половина и се состои од:

- Пополнување прашалник за вашата општа здравствена состојба;
- Задолжително читање на општите информации за ласерска интервенција;
- Проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок;
- Снимање со пентакам (се прави 3Д-анализа на окото и служи за воочување на одредени аномалии на окото за кои сè уште се немаат појавено симптоми);
- Ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија.
- Разговор со тимот за сѐ што ве интересира.
Откако ќе завршиме со сите анализи, проверуваме дали ги исполнувате сите критериуми и донесуваме одлука кое решение за отстранување на диоптрија е најсоодветно за вас.
 
Втор чекор -> Интервенција
      
На денот на интервенцијата задолжително е со вас да го понесете убавото расположение, очила за сонце, добро да појадувате и солидно да се наспиете.

Самата интервенција трае само 5 минути од око, додека преоперативната подготовка трае околу 20 минути. Најпрво, повторно ви правиме проверка за да бидеме сигурни дека нема промена која може да влијае врз интервенцијата и разговараме со вас за секој чекор од истата. Откако ќе се увериме дека сте подготвени за тоа што следува, ви капнуваме локална анестезија во форма на капки и ве носиме во оперативна сала.

Звучи страшно, така? Но, нема за што да се вознемирувате. Не чувствувате болка поради локалната анестезија, а во текот на интервенцијата си разговараме. Сè се одвива толку брзо, што ќе имате впечаток дека додека сте легнале, треба да станете. По завршување на интервенцијата ве носиме во ординација каде што ве пречекуваат вашата придружба и одговорната медицинската сестра, која детално ви го објаснува постоперативниот третман и ве испраќа дома само со очила за сонце.

Трет чекор -> Нов почеток за вас без оптички помагала


Следниот ден е првата контрола, додека по неколку дена ви е следната задолжителна контрола. Овие прегледи служат за да се следи стабилизирањето на вашиот вид и зараснувањето на флапот на рожницата. Нормални реакции по интервенцијата се малку заматен вид, пецкање, чувство на песок и чешање. Овие симптоми за краток период исчезнуваат, а капките што ќе ги ставате помагаат за влажнење на окото и намалување на споменатите симптоми. Ограничувањата по оперативниот зафат се привремени, не траат долго. Во секој случај, многу се битни вашата професија и стилот на живеење. Спортските активности главно се дозволени по втората недела, а шминкањето по третата.  Исто така, достaпни сме ви 24/7 за каква било консултација што ви е потребна по интервенцијата.

Ласерската корекција на диоптрија ви дава можност повеќе да немате проблеми со видот, да не се нервирате бидејќи леќата ви се изгубила или наутро не можете да ги најдете очилата за вид. Таа ви овозможува да си го поедноставите животот и да имате нов старт во животот без оптички помагала.