Вработување во Македонски Телеком АД Скопје...Нето плата од 25.664,00 денари

Вработување во Македонски Телеком АД Скопје...Нето плата од 25.664,00 денари

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје  

Служба за мултимедијални и VAS Платформи / Сектор за управување со портфолио , кориснички сервиси и платформи / Област на Главен директор за техника и ИТ
                                                        
Работно место: Соработник за развој на видео и мултимедијални сервисни платформи
    
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:

-    Високо или Вишо образование , Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство или Технички факултет – Електротехника, телекомуникации или други технички факултети
-    0 -1 година соодветно работно искуство
-    Активно  познавање на англиски јазик

Работни задачи:
-    Развој, одржување и управување со IPTV и OTT платформите  
-    Одговорен за имплементација на кориснички уреди и тестирање на нови верзии на софтвер на корисничките уреди кај IPTV и OTT платформите.
-    Учествува во изведување на ургентни активности кај IPTV и OTT платформите и услугите базирани на истите
-    Поставува и конфигурира содржини на IPTV и OTT платформите.
-    Конфигурира нови продукти на IPTV и OTT платформите.
-    Одговорен за развој,поставување и одржување на IPTV и OTT апликации
-    Изведува целосни компатибилни тестирања со даватели на програмски содржини (сателитски и терестријални)
-    Изведува превентивно одржување на IPTV и OTT платформите  и услугите базирани на истите.
-    Го анализира квалитетот на сервисите поврзани со IPTV и OTT платформите.
-    Изведува активности наменети за минимизирање/спречување на испади на IPTV и OTT платформите

Способности и вештини:

-    Познавање на IPTV и OTT платформи како и технологии за streaming на видео и аудио сигнали.
-    Познавање на оперативни системи IIS , DNS и DHCP сервиси.
-    Познавање на бази на податоци SQL и PL/SQL.
-    Познавање на TCP/IP и мрежни технологии.
-    Солидно користење на MS Office апликации
-    Добри вербални и комуникациски способности, Проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, доверливост, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, Тимска работа, способност за планирање и реализација на цели

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Соработник за развој на видео и мултимедијални сервисни платформи

Огласот ќе биде објавен на ден 14.12.2017 година и ќе трае  до  29.12.2017

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00,

Минимумот на предвидената вкупна  нето плата  со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  25.664,00 денари

Висината на платата  ќе биде определена согласно  работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.