„М-НАВ“ вработува! Нето плата - 121.877,00 денари, отворени се 3 (три) работни места

„М-НАВ“ вработува! Нето плата - 121.877,00 денари, отворени се 3 (три) работни места

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи пречистен текст Сл. весник бр. 1 67/2015 год. член 5 и 8 од Колективниот договор на "М-НАВ" АД Скопје, Правилникот за систематизација на работни места во "МНАВ" АД Скопје, и добиената Согласност од Министерството за финансии на РМ бр. 181 1173/4 од 01. 12. 2017 год. "М-НАВ" АД Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос
За потребата од вработување на работници на неопределено работно време за следните работни места

1 Овластен контролор на летање - 2 (два) извршители
2. Терминален контролор на летање - 1 (еден) извршител

Кандидатите покрај пријавата за вработување и кратката биографија (CV), потребно е за исполнување на општите услови да ги достават следните документи

извод од матична книга на родените;
уверение за државјанство;
уверение дека не е осудуван да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Покрај општите услови кандидатите потребно е да ги исполнуваат и посебните услови Кандидатите за работно место под реден број 1 се однесува заОбласен контролор на летање и треба да има завршено најмалку ССС - IV (четврти) степен (оргинал или копија заверена на нотар).

Кандидатот треба да поседува и достави дозвола за КЛ со валиден АСЅ (Area Control Surveillance) рејтинг или истиот да го поседувал заклучно до 2014 година (оргинал или копија заверена на нотар).

Кандидатот треба да поседува или поседувал и достави валидно лекарско уверение за здравствена способност во согласност со Class 3 medical (оргинал или копија заверена на нотар). Кандидатот треба да има познавање на воздухопловен англиски јазикнајмалку оперативно ниво 4 на ICAO и да достави доказ (оргинал или копија заверена на нотар).

Кандидатот за работно место под реден број 2, се однесува заТерминален контролор на летање - контролор на летање на кула; и треба да има завршено најмалку ССС - IV (четврти) степен (оргинал или копија заверена на нотар). Кандидатот треба да поседува и достави дозвола на КЛ со валиден ADI (Aerodrom Control Instrumental) рејтинг и TWR (Tower control) овластување или истиот да го поседувал заклучно до 2014 година (оргинал или копијазаверена на нотар). Кандидатоттреба да поседува или поседувал и достави валидно лекарско уверение за здравствена способност во согласност со Class 3 medical (оргинал или копија заверена на нотар). Кандидатот треба да има познавање на воздухопловен англиски јазик најмалку оперативно ниво 4 на ICAO и да достави доказ (оргинал или копија заверена на нотар).

Работни часови за работните места под реден број 1 и 2 во текот на неделата е 32, и работното време се организира во смени.

Основна нето плата за кандидатот за работно место под реден број 1 е: 121. 877, 00 денари.
Основна нето плата за кандидатот за работно место под реден број 2 е 93. 758, 00 денари.

Документите да се достават во оригинал или копија заверена на нотар во просториите на "МНАВ" АД Скопје на адреса Ул. Македонија бр. 25, објект Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје. Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Огласот трае 5 работни денови од денот на неговото објавување во јавните гласила. Во рок од 3 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидати ќе биде извршен избор.