Не го чекај Годо, отвори!: Честитка за случаен минувач на улица „Македонија“ ѝ го разубави денот на скопјанка

Не го чекај Годо, отвори!: Честитка за случаен минувач на улица „Македонија“ ѝ го разубави денот на скопјанка

„ Ви пишуваат шест млади ентузијасти, кои седнати заедно ја смислуваат оваа порака“, стои во честитката наменета за случаен минувач.



Честитка за случаен минувач, оставена на билборд на улица „Македонија“ ѝ го разбистрија магливото утро на една скопјанка. На интересен начин шестмина граѓани решиле на овој начин да ја кренат свеста за проблемот со загадениот воздух, но и да честитаат Нова Година на непознат граѓанин.  На пликото пишува: Не го чекај Годо, отвори!, а внатре е испишана прекрасна порака.



 
„ Ви пишуваат шест млади ентузијасти, кои седнати заедно ја смислуваат оваа порака. Сакаме да ти посакаме убав ден и уште поубава иднина. Онаква каква што за жал нашето мило Скоје ја нема. Заедно можеме да направиме нешто повеќе и да направиме промена. Бидете совесен и користете јавен превоз. И среќна Нова Година, ладно е, дозволи да те топли љубовта“, пишува во честитката која случајно ја добила оваа оваа скопјанка.





Таа ја објави на Фејсбук и ја пофали несекојдневната иницијатива.