Разликата помеѓу извонредниот и просечниот живот според Стив Џобс

Разликата помеѓу извонредниот и просечниот живот според Стив Џобс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

jobs
Фото: Printscreen/Youtube

Познатиот Стив Џобс поставил особено големи очекувања. Сакал работите да се направат на одреден начин, да ги мотивира луѓето да работат повеќе, а понекогаш и да го направи она за кое другите мислеле дека е невозможно.

Тој поставил високи стандарди и верувал во својот пат кон успехот.

„Кога ќе пораснете, навика ви е да зборувате дека светот е онаков каков што е. Вашиот живот се сведува на тоа да го живеете како другите, но се плашите да го прескокнете тој ѕид на ограничување: се обидувате да имате убав семеен живот, да се забавувате, да заштедите пари... но тоа е ограничен живот.

Животот може да биде многу поисполнет кога ќе го откриете едноставниот факт: сето она што го нарекувате живот го прават луѓето кои не се многу попаметни од вас - и тоа можете да го промените. Можете да влијаете врз тоа... Моментот кога ќе сфатите дека можете да го промените вашиот живот, дека можете да го обликувате, тоа е најважната работа. Да се ослободите од погрешните идеи дека животот е некаде таму и дека тогаш ќе живеете - наспроти прифаќање, промена, однесување... пронајдете го вашето значење во сето тоа“.

Што ќе се случи ако го прифатите тој факт?

Ќе сфатите дека некогаш мора сами да изберете за себе. Некогаш моравте да чекате на тоа да бидете прифатени, промовирани, избрани... на некој начин откриени. Повеќе не морате да чекате. Имате неограничен број можности, можете да се поврзете со кој било вид социјална мрежа. Може да ја објавите сопствената работа, да ја промовирате сопствената музика, да создавате свои производи и на тој начин да овозможите финансии за себе.

Можете да направите сè што сакате, не мора да чекате некој друг да ги открие вашите таленти. Единствено што ве задржува е вашата волја да се обидете.

Успехот е неизбежен само во ретроспектива. Прочитајте приказни за успешните луѓе и ќе сфатите дека освен материјално, имаат и нешто друго: идеи, талент, вештини, креативност.

Успехот ќе дојде зависно од извршените работи. На крајот на краиштата, ако го правите она што го прават другите, само ќе ги постигнете резултатите што ги постигнуваат и другите. Секојдневно правете неколку работи различни од оние што ги прават другите. По една недела ќе бидете необични, по еден месец ќе бидете посебни. По една година ќе бидете извонредни.