Иако Хокинг веруваше дека интерстеларниот објект е вселенски брод, првите резултати не го потврдуваат тоа

Иако Хокинг веруваше дека интерстеларниот објект е вселенски брод, првите резултати не го потврдуваат тоа

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Стивен Хокинг верува дека интерстеларниот објект што нè посетува може да е вселенски брод на вонземјани. Светски признатиот научник работи со тим експерти што користат скенери за да го истражат објектот што беше забележан во октомври. Се користи и најголемиот радиотелескоп за да се врши следење и набљудување. Со користената технологија се слушаат електромагнетни сигнали кои можеби не се произведени во природата и постои можност да  постои вонземско вмешување.

фото извор: ESO

Објектот е долг околу 400 метри, а широк околу 80 метри. Патува со брзина од 315.000 километри на час. Неговиот облик и брзина се исто така причина да се смета дека се работи за објект кој има неприродни извори. Во моментов објектот се наоѓа на оддалеченост два пати поголема од оддалеченоста на Сонцето од Земјата. Научниците предвидуваат дека во одреден период наредната година објектот ќе помине и покрај Јупитер.

Сепак, сè уште нема докази дека претпоставката на Стивен Хокинг е вистинита. Досега не се забележани некои вештачки сигнали кои потврдуваат дека објектот не е само карпа, односно астероид од друг сончев систем. Астронаутите, откако го забележаа објектот, разгледуваа 750.000 астероиди, па и покрај тоа овој е единствен што потекнува од друго ѕвездено соседство. Научниците сега поседуваат огромна количина податоци, па ќе продолжат со работа со цел да се дознае што повеќе за овој мистериозен објект. Ќе користат и нови технологии за да забележат некои нови моменти и фази додека објектот ротира.

Иако засега нема ветувачки резултати, сепак прашањето дали сме сами во универзумот останува актуелно, па ваквите експедиции, набљудувања и анализирања се само дел од постојаната желба човештвото да добие одговор на тоа прашање. Претпоставките за постоење вонземски живот не се отфрлаат, а со тоа што сега се забележа првиот интерстеларен астероид, се очекуваат уште многу вакви подвизи во иднина.