Прогласените најсмешни фотографии од дивиот свет за 2017 година ќе ви го разубават денот

Прогласените најсмешни фотографии од дивиот свет за 2017 година ќе ви го разубават денот

Подготвил: Тамара Гроздановски

фото

Наградите за најсмешни фотографии од дивиот свет се одржуваат со цел да се подигне свеста за конзервацијата на дивиот свет уште од 2015 година, а секоја година натпреварот расте и станува сè попопуларен. „Оваа година натпреварот доживеа вистински успех, квалитетот на фотографиите е значително подобрен, а имавме апликации од многу земји“, вели фотографот Пол Џонсон-Хикс, еден од основачите на натпреварот.

И додека несмасните орли и симпатичните хрчаци навистина ќе ви го разубават денот, не треба да се заборави за каузата. Организаторите ги покануваат сите да ја ѕирнат нивната веб-страница и да го прошират зборот за зачувувањето на дивиот свет. Во продолжение погледнете ги победниците.