Ако нечии постови на „Фејсбук“ ве нервираат, отсега ќе можете да ги „стивнувате“ со новата опција

Ако нечии постови на „Фејсбук“ ве нервираат, отсега ќе можете да ги „стивнувате“ со новата опција

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Фејсбук со нова опција Snooze.
(Фото: Facebook)


„Фејсбук“ воведе нова опција „Snooze“ со која ќе можете повремено да ги „стивнете“ пријателите што некое време не сакате да ги следите, а не сакате ни трајно да ги избришете.

Последица од преголемиот број пријатели на „Фејсбук“ е канонадата од информации што ни пристнуваат, од оние што ни се важни до оние другите што најчесто ништо не ни значат.

Отсега сите што се нервираат со нечие однесување на „Фејсбук“ ќе можат да ги „стивнат“ тие пријатели со помош на опцијата „Snooze“.

Кога објавите од одреден профил или страница ќе станат нешто што не сакате да го гледате, односно да го читате, личност, група или одредена страница, сега ќе можете да ги „стивнете“ на период од 30 дена.

Доволно е само да кликнете на подменито на одреден пост (трите точки) и да ја одберете опцијата „Snooze“. Вашите пријатели нема да добијат известување дека сте ги „стивнале“.

Кога блокадата ќе се приближи кон крајот, ќе добиете известување за тоа за да можете навреме да реагирате и по потреба да ја продолжите. Блокадата може да се прекине во секој момент, па дури и пред истекот на 30 дена.