Медицинскиот факултет при УКИМ објавува конкурс за прием на кандидати за доедукација на здравствени работнициизбрани лекари по семејна медицина за 3, 6, 9 и 12 месеци

Медицинскиот факултет при УКИМ објавува конкурс за прием на кандидати за доедукација на здравствени работнициизбрани лекари по семејна медицина за 3, 6, 9 и 12 месеци

Врз основа на член 138 од Законот за изменување и дополнување на Законот на здравствена заштита Сл. весник на РМ. Бр. 43/012) Медицинскиот факултет при
УКИМ во Скопје објавува:

K O H K У P C
За прием на кандидати за доедукација на здравствени работници избрани лекари по семејна медицина за 3, 6, 9 и 12 месеци

Медицинскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, - Скопје, за 2018 година. ќе врши прием на:
- 50 кандидати за доедукација во центарот за Семејна медицина во Скопје

Услови и критериуми за прием на доедукација

-Завршен медицински факултет
- Положен стручен испит
- Стекната основна лиценца
- Работен стаж во дејноста Општа медицина или работа како избран лекар минимум 14 години (за кандидати за 6 месеци доедукација)
- Работен стаж во дејноста Општа медицина или работа како избран лекар помеѓу 7 и 14 години (за кандидати за 9 месеци доедукација)
- Работен стаж во дејноста Општа медицина или работа како избран лекар минимум 3 години за кандидати за 1 2 месеци доедукација)
- Положен специјалистички испит по општа медицина (за кандидати за 3 месеци доедукација)
- Предност ќе имаат едукатори во ПЗЗ и доктори во рурални средини

Доедукацијата ќе се обавува според усвоената програма. Еднодневните модули ќе се реализираат за викенди во Центрот за семејна медицина во Скопје, a практичниот дел ќе се обавува во болнички оддели во Универзитетските Клиники при Клиничкиот Центар Скопје и утврдените амбуланти.

Рок за пријавување: 30 дена од датумот на објавување на конкурсот.

Документи за пријавување:
-диплома и уверение со оценки за завршен Медицински факултет (нотаризирани)
-Уверение за положен стручен испит и основна лиценца;
-Копија од М1/М2 образец од Здравствена установа во која кандидатот е вработен
- Потврда за работен стаж (од работничка книшка или извод од Агенција за вработување)
- Потврда од лекарот кој ќе го заменува кандидатот додека кандидатот е на доедукација
- Копија (заверена) од уверение за положен специјалистички испит по општа медицина (за кандидати за 3 месеци доедукација)

ВАЖНО: Доедукацијата ќе почне на 1 март 2018 г. Од 13.02 до 20.02.2018 избраните кандидати да уплатат прва рата и да подигнат решенија од Деканат. Во тек на февруари ќе се формираат групи и ќе се распределат ментори. Потребно е кандидатите да ја организираат својата работа за да можат непречено да ја обавуваат доедукацијата (турнусите и викенд модулите)
Програмата за доедукација може да се најде на www.semejnamedicina.mednet.mk