Оглас за вработување во во Министерството за здравство...Паричен нето износ на плата 36.855,00 Денари

Оглас за вработување во во Министерството за здравство...Паричен нето износ на плата 36.855,00 Денари

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 90/15), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14 и 27/16) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 37/2017

за вработување на 1 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за здравство за следните работни места

1. УПР0101Б01000 Државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. (1) извршител(и)


Општи услови

    -   да е државјанин на Република Македонија,
    -   активно да го користи македонскиот јазик,
    -   да е полнолетен,
    -   да има општа здравствена способност за работното место
    -   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

    - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Историски науки, економски науки, правни науки.
    - најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 (десет) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор

   Општи работни компетенции

    - решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
    - учење и развој
    - комуникација
    - остварување резултати
    - работење со други/тимска работа
    - стратешка свест
    - ориентираност кон странките/засегнати страни
    - раководење и
    - финансиско управување

   Посебни работни компетенции

    - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
    - потврда за положен испит за административно управување
    - познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АLТЕ на европски тестатори на Б2 (В2) нивото на ЦЕФР (CЕFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ. познавањето на англиски јазик може да се докаже и со приложување на меѓународно признатиот сертификат по НАТО стандардот STANAG 6001 на соодветното ниво, при што административните службеници од категорија Б1 и Б2 треба да поседуваат сертификат со STANAG 2+2+2+2+

Распоред на работно време

    -   Работни денови понеделник - петок
    -   Работни часови неделно 40
    -   Работно време од 08:30 до 16:30
    -   Опис за работното време

Паричен нето износ на плата: 36.855,00 Денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2017 год. се : Македонец(ка) 1.

Линк за пријавување

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 - административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Фаза 4 – Тест на личност се спроведува во рок од 15 дена од завршување на фаза 3.