Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје...Асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет

Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје...Асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и современа лабораторија за контрола на квалитетот,  доколку сакате да ги остварите своите амбиции и визија,  доколку сте посветени, лојални, креативни,  насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за

Асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет



Избраниот кандидат ќе биде задолжен за: сумирање и анализа на податоците преку дневни, месечни и годишни извештаи, правилно земање и подготовка на примероци, хемиски и физичко-механички анализи и нивно регистрирање. Ги следи инструкциите, упатствата и процедурите за контрола на квалитетот, ракување со опремата, развивање и анализа на статистички податоци. Работното време е во три смени (06:00-14:00, 14:00-22:00, 22:00-06:00). Основната плата за работното место е од 19.000 - 22.000 денари.

Квалификации на кандидатите:
• ССС/IV степен на стручна подготовка (хемиски, градежен техничар или гимназија)
• Работно искуство од најмалку 1 година во лабораторија ќе се смета за предност
• Познавање на MS Office

Конкурентски предности:
Желба за работа во средина со високи барања
Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
    
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   
1.    Мотивациско писмо
2.    Биографија (CV)
3.    Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје http://www.usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.