Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје...Основна плата од 29.500 - 35.000 денари

Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје...Основна плата од 29.500 - 35.000 денари

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и современа лабораторија за контрола на квалитетот,  доколку сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте посветени, лојални, креативни,  насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за

Инженер за испитувања во Сектор за квалитет




Избраниот кандидат ќе биде задолжен за контрола на квалитетот на материјалите во процесот на производство, од суровина до готов производ. Го следи квалитетот според зададените цели за квалитет во процесот на производство. Одговорен е за вршење анализи на XRF анализаторот, како и за точно усогласување на алтернативни методи за анализа. Одговорен е за развивање и анализа на статистички податоци.

Основната плата за работното место е од 29.500 - 35.000 денари.


Квалификации на кандидатите:
• Дипломиран инженер, ВСС/VII степен (240 кредити), технолошки или хемиски факултет
• Работно искуство од 1 година во индустрија ќе се смета за предност
• Одлично познавање на Microsoft Office
• Одлично познавање на англиски јазик

Конкурентски предности:
Желба за работа во средина со високи барања
Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
    
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   
1.    Мотивациско писмо
2.    Биографија (CV) на англиски јазик
3.    Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје http://www.usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.


Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.