Оглас за вработување во ТТК Банка А.Д. Скопје
ТТК Банка А.Д. Скопје објавува оглас за вработување на работно место:
СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТЕН РИЗИК
(1 извршител, на локација во Централата во Скопје)
Услови што се бараат за вршење на работата:
- Високо стручно образование – Економски факултет
- Одлично познавање на работа со MS Office пакетот (особено Excel)
- Познавање на банкарската регулатива од областа на кредитен ризик
- Одлично познавање на aнглиски јазик
- Банкарско искуство од најмалку 2 години (предност ќе биде искуство во областа на управување со кредитен ризик)
Потребни способности:
- Организациски способности
- Способност за анализа и донесување заклучоци
- Добри комуникациски и интерперсонални способности и вештини
- Способност за тимска работа
- Способност за работа во кратки рокови
- Иницијативност
- Одговорност и трпеливост
Краток опис на работно место :
- Изработка на извештаи кои овозможуваат следење на кредитната изложеност и степенот на кредитен ризик за потребите на регулаторните органи и органите на управување на банката
- Анализа на кредитното портфолио по структура и квалитет
- Примена на методологијата за класификација на изложеност на кредитен ризик
- Континуирано следење на интерните лимити на изложеност воспоставени со Политиката за управување со кредитен ризик
- Учество при спроведување на стрес-тест анализа за кредитен ризик
- Учество при подготовка на извештаи за адекватност на капиталот
Работно време:
40 часовно неделно работно време (од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот)
Загарантирана почетна нето плата:
Минимална: 26.000 денари
Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат
Останати информации:
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV), мотивационо писмо и доказ за исполнување на предвидените услови (уверение за завршено образование и сл.) најдоцна до 27.12.2017 година, со назнака: „Апликација за Соработник за кредитен ризик“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или на е-маил адресата: kariera@ttk.com.mk.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.