Најпопуларните филмови меѓу патниците за 2017 година

Најпопуларните филмови меѓу патниците за 2017 година

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Анимираниот филм за бебе со актовка бил најгледаниот филм на „Кантас флајтс“ годинава. „Бебето шеф“, каде што гласот го позајмува Алек Болдвин, го зазеде првото место на годишната листа со најпопуларни филмови што се прикажувале од авиокомпанијата за време на летовите.


Иако филмот бил вистински хит меѓу патниците во авионите, сепак доби различни критики и одобрување од само 51% при рангирањето на „Ротен Томејтос“.

Компанијата „Кантас“ користи анонимен систем за рангирање преку кој се снима што гледаат и колку долго нешто гледаат патниците. Најпопуларен жанр за време на летовите е комедијата, иако само 3 комедии се најдоа на листата со најпопуларни филмови за 2017.

Топ-10 листа  на „Кантас“:

1. „Бебето шеф“
2. „Логан“
3. „Скриени фигури“
4. „Убавицата и ѕверот“
5. „Фантастични ѕверови и каде да ги најдете“
6. „Лајон“
7. „Ла Ла Ленд“
8. „Чувари на плажата“
9. „Конг: Островот Череп“
10. „Бејби Драјвер“

Авиокомпанијата исто така открила дека „Модерно семејство“ е ТВ-серијата што патниците ја гледале вкупно 151.334 часа. По англиските филмови, најпопуларни биле јапонските, мандаринските и француските. Најгледано детско шоу, пак, е „Пепа Пиг“, а Ариана Гранде и нејзините песни се најслушани за време на патувањата.