Уред што ви овозможува да уредувате гени во вашиот дом

Уред што ви овозможува да уредувате гени во вашиот дом

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

d nk

Едно од најголемите научни откритија овој век е техниката за уредување гени наречена „CRISPR Cas-9“. Оваа алатка го поедноставува менувањето на ДНК брзо, евтино и лесно. Толку е лесно што една компанија всушност нуди опрема која на корисниците им овозможува оваа техника да ја применат дома. Возбудливо, но истовремено и застрашувачко.

„CRISPR Cas-9“ е алатка инспирирана од имунолошкиот систем на бактеријата. Исто како вашиот имунолошки систем, бактерискиот имунолошки систем ги зачувува информациите за вирусите што го инфицираат за да можат подобро да се борат против нив наредниот пат. Тоа го прави со „сечење“ на ДНК на вирусот и зачувување дел од него во неговиот геном. Кога истиот вирус подоцна ќе нападне, имунолошкиот систем го користи тој фрагмент за да формира приспособено оружје што го бара и го уништува вирусот.

Во 2012 година научниците пронашле начин за користење на тој процес на сечење, копирање и вметнување на ДНК за нивните уреди. Токму тоа е „CRISPR-Cas9“ - може да направи сè, од модифицирање на култури на храна до борба против ракот кај луѓето.

Веќе некое време ја имаме оваа технологија за уредување на гените, но најдоброто нешто во врска со „CRISPR-Cas9“ е тоа што е побрза и поевтина од претходните техники - чини околу 150 долари и може да го порача секој што сака да има кутија за уредување ДНК во бактериите. Едноставно следите ги инструкциите и за 10 часа, во период од два дена, можете да направите бактеријата ешерихија коли да биде имуна на антибиотик наречен трептомицин.

Колку е опасно ова? Ешерихија коли е непатогена, што значи дека не може да ве разболи. Но дури и ако оваа кутија не е опасна, што би можеле научниците да направат со „CRISPR“ во иднина? Лесно е да се мисли дека биотерористите би можеле да создадат некој ултрамоќен мегавирус за да ја избришат човечката раса. Но како што вели професорот Чарлс Герсбах од Универзитетот „Дјук“, сега е тешко да се замисли колку би било опасно на вистински начин. „Ако сакате да направите штета, постојат полесни и поедноставни начини отколку користење на оваа високо софистицирана техника за генско уредување.