Оглас за вработување во ТЕ-ТО АД Скопје

Оглас за вработување во ТЕ-ТО АД Скопје



Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје има потреба од вработување на 1 (едно лице), динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна и мултинационална работна средина за пополнување на следната позиција на определено време:

1. Правник


Минимум критериуми:
• ВСС – Правен факултет
• Положен правосуден испит
• Работно искуство од најмалку 3 години по положен правосуден испит, од тоа во трговско друштво најмалку 1 година
• Одлично владеење со законската регулатива поврзана со работа на трговски друштва, практицирање на облигационите односи со домашни и со странски правни субјекти и искуство во застапување во судски постапки
• Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
• Одлично познавање на работа компјутерски програми (MS Office: excel, word)

Освен наведеното, кандитатот треба да поседува:
- Добри комуникациски вештини
- Способност за работа во тим
- Аналитичност и упорност во остварувањето на зададените цели

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија на англиски јазик. Во предивид ќе бидат земени само пријави со биографии доставени исклучиво на следниот начин:

Електронски:
Message to: sarsovska@te-to.com.mk
Subject: Пријава: Правник

По пошта:
ТЕ-ТО АД Скопје,
Ул. „515“ бр. 8 поштенски фах 99,
1000 Скопје 2,
Насловени-Пријава: Правник,

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето, или најдоцна до 10.01.2018 год. (среда). Сите пријави кои ќе пристигнат по наведената дата нема да бидат земени во предвид.