Научниците откриле сосема нов биолошки систем што ја регулира телесната маса

Научниците откриле сосема нов биолошки систем што ја регулира телесната маса

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Ново истражување идентификувало механизам во телото кој се однесува како некој вид внатрешна скала што ја регистрира телесната тежина и му кажува на мозокот да го намали или да го зголеми внесувањето на храна.


Ваквиот систем во моментов бил набљудуван само кај глувци, но научниците се надеваат дека ќе пронајдат ист внатрешен механизам и кај луѓето. Со тоа се нудат нови начини за разбирање и третирање на дебелеењето кај луѓето.

Дел од мотивацијата за новата студија е откривање на причината поради која времето поминато во седење доведува до зголемен ризик од дебелеење. Знаеме дека движењето е добро за нас, но не ги разбираме поголемиот број од причините, барем што се однесува до дебелеењето. Научниците додале дополнителна тежина на веќе здебелени глодачи и набљудувале што се случува.

Кога дополнителната тежина била додадена на глувците, телесната маст се намалила и глукозата во крвта се подобрила. Всушност, животните ја изгубиле истата количина на тежина што им била додадена. Тоа покажува дека постои нешто во телото што детектира дополнителна тежина и работи независно од кое било внатрешно набљудување на исхраната.

Уште е рано да се каже, но научниците велат дека ова може да биде потенцијално објаснување за размислувањето дека седењето можеби го лаже нашето тело дека не сме тешки, па предупредувањето за да не се јаде можно е и да не се активира. Ако истиот овој механизам се потврди и кај луѓето, научниците сметаат дека третманите за слабеење ќе можат да се развијат и да се применуваат.
Истражувачите потенцираат дека откриле оти поминувањето повеќе време во седење резултира со намалено создавање на остеоцити, клетки во коските, со што хомеостатската регулација на телесната тежина не испраќа сигнал до мозокот, па крајниот резултат е дебелеење.

Потребни се дополнителни истражувања и анализи, како и доказ дека истиот механизам е присутен и кај луѓето, но сепак, се работи за голем чекор напред во справувањето со дебелеењето и прекумерната тежина. Научниците се среќни што успеале да откријат, како што велат, сосема нов систем кој ја регулира телесната маса.