Патувањето низ времето сепак е возможно - полетал во 2018 година, а слетал во 2017!

Патувањето низ времето сепак е возможно - полетал во 2018 година, а слетал во 2017!

Подготвил: Тамара Гроздановски

лет

Летот ХА446 „Хаваиан ерлајнс“ требало да полета од аеродромот во новозленадскиот град Окланд во 23.55 часот на 31 декември 2017 година.

Но 10 минутното одложување на летот значело дека авионот нема да ја напушти земјата до следната година, во 00.05 часот, на 1 јануари 2018 година.

Летот бил за Хонолулу, главниот град на Хаваи. Авионот на крај, по локално време слетал во 9.45 часот на 31 декември 2017 година.

Инаку, Окланд беше првиот град во светот што ја дочека новата 2018 година.