Вработување во Министерството за труд и социјални политика

Вработување во Министерството за труд и социјални политика

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Објавува
Барањe за изразување на интерес за позиција
"Информатичар во Одделението за анализа, евалуација и сесдење во рамките на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија“

(реф. бр. МК/УПН 2. 1. 76)
Име на проект: Проект за условени парични надоместоци (УПН Проект)
Кредит Бр: 7735 -МК
Консултантски услуги - Индивидуален консултант

На Република Македонија и е одобрен кредит од страна на Светска банка за потребите за реализација на Проектот за условени парични надоместоци.

Дел од овие средства ќе бидат искористени за плаќање на обврските што ќе произлезат од договорот што ќе се склучи за ангажирање на Информатичар во Одделението за анализа, евалуација и следење во рамките на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Целта на оваа задача е да се зајакне капацитетот на Одделението за анализа, евалуација и следење во рамките на МТСП како алатка за креирање политики за подобрување на системот на социјална заштита во Македонија.

Целосниот опис на проектните задачи е приложен на веб страната на Министерството за труд и социјална политика: www.mtsp.gov.mk.

Потребни квалификации:

Високо образование од областа на информатичка технологи, компјутерска наука, информациони системи или друга слична област. Магистерски студии ќе се сметаат за предност;
Искуството во развој, имплементирање и користење на информациски системи за јавни институции ќе се смета за предност;
Познавање на различни софтверски архитектури и системи на бази на податоци;
Познавање на архитектурата на хибридни системи базирани на вебтехнологии;
Познавање на статистички софтвер, софвер за управување со база на податоци и познавање на програмски јазици ќе се смета за предност;
Работно искуство со анализа на податоци и други активности поврзани со изготвување на статистички извештаи, анализа на приходи и трошоци надомаќинствата, евалуацијана политики и предвидувања, ќе се смета за предност;
Одлична вербална и писмена комуникација на англиски и македонски јазик

Консултантот ќе биде избран согласно процедурите на Светска банка дадени во Упатство на Светска Банка "Избор и вработување на консултанти од позајмувачите на Светска Банка, од мај 2004, ревидирано во октомври 2006" достапно на следната веб страна: www.worldbank.org.

За дополнителни информации може да се обратите во Единицата за управување со УПН Проектот, емаил: sanja.andovska@mtsp.gov.mk.

Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат бараните квалификациида достават документи со кои ја потврдуваат својата квалификуваност (биографија на македонски и англиски јазик, препораки и слични документи).

Документите со кои се изразува интерес мора да бидат доставени најдоцна до 9. 1 .2018 година електронски на маил адресата; sanja.andovska@mtsp.gov.mk или по пошта на следната адреса: Министерство за труд и социјална политика, Проектот условени парични надоместоци (УПН проект), Даме Груев 14, 1000 Скопје, Република Македонија, со назнака: за Јасмина Јовановска, директор на УПН проект, (реф. бр. 2. 1. 76)