ПОЗНАТИТЕ ЗА ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНА: Раул Гонзалес, селектор на машката ракометна репрезентација - Најдобрата година во мојата кариера
Изминатата 2017 година беше навистина возбудлива за актуелниот селектор на машката македонска ракометна репрезентација и досегашниот тренер на ракометниот клуб „Вардар“, кој од следната сезона ќе биде тренер на францускиот клуб „Париз Сен Жермен“. Со „Вардар“ ја освои европската клупска титула, а ги доби и признанијата за најдобар тренер во Сеха и во Лигата на шампионите. Популарниот „ел команданте“ ги растажи ракометните фанови кога најави дека заминува од „Вардар“ и дека кариерата ќе ја продолжи во Франција. Сепак, и во следните три години ќе биде присутен во земјава како селектор на машката репрезентација.
Што за Вас лично ја одбележа 2017 година?
- Професионално, ова беше најдобрата година во мојата кариера. Мислам дека е невозможно да се повтори ваква година некогаш.
Кој е настанот или личноста што според вас ја одбележа 2017 во Македонија?
- Дефинитивно тоа е Сергеј Самсоненко, сопственикот на „Вардар“. Зошто? Бидејќи без него нема да можеме да работиме во „Вардар“ и да ги постигнуваме успесите. Тој плаќа за сѐ.
Која е Вашата порака за младите во Македонија, што би им посакале во 2018 година?
- Работете и уживајте. Животот е краток.