Аеродромот „Александар Велики“ објавува оглас за вработување!

Аеродромот „Александар Велики“ објавува оглас за вработување!

ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2017 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници.

ТАВ Македонија, Аеродромот ‘Александар Велики’ – Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата: 

РЕФЕРЕНТ ВО ФИНАНСИИ 

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Анализи и сложување на домашните и странските обврски и побарувања
Плаќања и компензации во земјата и странство
Комуникација со банки
Подготовка на Дневни Извештаи за паричните текови
Внесување на финансиски информации во интерните системи
Поддршка во подготовка на месечни, полугодишни и годишни финансиски извештаи
Сложување на банкарски извештаи
Подготовка на Квартални извештаи до НБРМ за странските побарувања и обврски
Интеркомпаниски сложувања
Комплетирање на банкарските изводи во денарска и странска валута
Пресметка на дневници и други трошоци за домашни и патувања во странство
Собирање, контолирање и затворување на сменската благајна во домашна и странска валута, и поготвување на касови извештаи.
Подготовка на документи за уплата на готовина во банка
Изработка на калкулации и цени за прием на роба во магацин
Сооработка со сите останати Компании лоцирани во просториите на Аеродромот
Контрола на влезните фактури дали се во согласност со Догоровите и дали е во согласност со барањето за нарачка
Асистирање во подготовка на буџет
Одговорност за извшување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
Вршат и други работи по наредба на претпоставените раководни лица;

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ
Високо образование (VII Степен)
Најмалку 5 години работно искуство во сродна област

ВЕШТИНИ
Познавање на финансиско работење
Познавање на финансиски софтвери
Познавање на законите во земјата
Комуникациски Вештини
Тимска Работа
Познавање на организациско работење
Одлични вештини за планирање и организирање
Напредно познавање на Microsoft Office пакетот

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака “Референт во финансии“.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.