Вратата на рајот или вратата на пеколот?

Вратата на рајот или вратата на пеколот?

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Иако оваа загатка нема да ви се чини тешка, сепак, е посложена отколку што изгледа. Проблемот „рај и пекол“ беше споменат во филмот „Лавиринт“, во кој ликот на актерката Џенифер Конели го кажува точниот одговор. Постојат повеќе начини да се постави прашањето, но секогаш ќе ве води до точната врата, 100% од времето. Вака гласи загатката:

фотоизвор: debracolby50.wordpress.com

„Стоите помеѓу вратите од рајот и пеколот. Чувар стои на секоја врата. Едниот чувар ја кажува секогаш вистината, а другиот секогаш лаже. Не знаете кој чувар е на која врата. Само со едно прашање можете да дознаете која врата води до рајот. Кое е тоа прашање?“

Ова е одговорот:

„За која врата би рекол дека води до рајот чуварот што лаже?“ Ако го прашате искрениот чувар, тој ќе ви ја покаже вратата кон пеколот. Ако го прашате чуварот што лаже, и тој ќе ви ја посочи вратата кон пеколот. Во секој случај ќе бидете насочени кон врата од пеколот, па ќе знаете која е вратата до рајот.