Отворено е ново работно место во НБРМ... Почетна нето плата - 23.907,00 денари

Отворено е ново работно место во НБРМ... Почетна нето плата - 23.907,00 денари

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, a во согласност со членовите 14 став 1, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, 23 став 1 и 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува

O Г Л A C
за вработување 1 извршител во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време

1. Еден извршител на работно место одговорен за одржување на машини во Дирекцијата за трезорско работење.

2. Кандидатот кој ќе засноваработен однос на работното место од точка 1 покрај општите законски услови за засновање наработен однос, треба да ги исполнува и следниве посебни услови: завршено високо образование од областа на техничко - технолошките науки најмалку 240 ЕКТС кредити (VIA), најмалку 4 години работен стаж, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

3. Кандидатите од точка 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование, доказ за познавање на англискијазик, доказ за познавање работа со компјутери, доказ за работен стаж од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.

4. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8, 00 и 9, 00 часот, азавршува помеѓу 16, 00 и 17, 00 часот.

5. Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место од точка 1 ќе изнесува 23. 907, 00 денари.

6. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

7 Изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

8 Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

9 Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија.

Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски - Питу" бр. 1 Скопје.

Народна банка на Република Македонија