Се бара: Национално лице за врски на ДКАФ

Се бара: Национално лице за врски на ДКАФ



Оглас за работно место
Национално лице за врски на ДКАФ (100%)

Со седиште во Собранието на Република Македонија, финансирано од Програмата на ДКАФ за Реформи во Секторот на Разузнавање во Република Македонија (2017-2020г.)

Локација на работното место: Народно Собрание на Република Македонија, Скопје

Заднина: Огласеното работно место е дел од договорот помеѓу Собракието и Центарот за демократска контрола на вооружените сили (ДКАФ) од Женева за зајакнување на соработката помеѓу двете институции. Како такви, сега заеднички се обидуваме да ангажираме државјанин на Република Македонија кој може да помогне ео зајакнувањето на односите за соработка. Среднорочната и допгорочната цел на ова работно место е тоа да се вгради и да стане дел од формалните структури на персоналот на Собранието.

Одговара пред: Лицето кое ќе се вработи ќе биде назначено во Оперативната Дивизија на ДКАФ за Југоисточна Европа под покровителство на Програмата на ДКАФ за реформа на разузнавачкиот сектор во Репубпика Македонија (2017-2020г.) и ќе одгоѕара пред одговорниот Раководител на програмата на ДКАФ со седиште во Женева, Швајцарија, во тесна координација со Генералниот секретар на Собранието.

Севкупни задачи и одговорности: Лицето кое ќе се вработи ќе помогне во спроведување на повеќегодишната програма која опфаќа три главни групи на активности; едната е со Собранието. Главниот фокус на ДКАФ ќе биде да обезбеди поддршка за развојот на собранискиот (и независен) надзор како дел од Програмата, Лицето кое ќе се вработи ќе му помага на Раководитепот на програмата и Координаторот на проектот (и двајцата се со седиште во Женева) и на другиот национален персонал на ДКАФ со седиште во Скопје во координацијата на сите активности поврзани со Програмата во тесна координација со администрацијата на Собранието и со релеѕантните Претседатели на комисиите. Тој/таа ќе биде со седиште во Собранието во рамките на "Единицата за подготовка. планирање, закажување и реализација на состаноците на надлежните работни тела во областа на одбраната и безбедноста, кои ершат надзор на работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање, и вршат надзор на примената на техниките за следење на комун икац ијата

Конректни задачи и одговорности:
Да одржува контакт помеѓу ДКАФ и Пратениците и вработените во Собранието
Да помага во планирање и организирање на состаноци и активности со релевантните засегнати страни, што ќе вклучува административни и логистички задачи;
Редовно да подготвува ажурирани информации кои се однесуваат на работата на Собранието и Комисиите за надзор над разузнавањето и Комисијата за одбрана и безбедност;
Да помага во изработка на двогодишните и годишните барања за известувања до донаторот;
Да помага при бараните лроцеси за следење на напредокот;
Да изработува релевантна проектна документација согласно зададените задачи:
Да води соодветно и транспарентно архивирање (во печатена и електронска форма);
Други доделени административни и организациски задачи,

2. Поддршка на Собранието:
Тој/ таа ќе служи како технички и стручен ресурс за трите комисии во подготовката и последователните акгивности по состаноците, сослушувањата/расправите, контролните и инспекциските посети, по потреба;
Лицето кое ќе се вработи може исто така да помогне во формулирањето на прашањата за членовите и да помогне при изготвувањето на извештаи за комисиите.

3. Барања и квалификации:
Завршено напредно виссжо образование по политички науки, меѓународни односи, право или сродна област.
Минимум 8 годишно професионално искуство, по можност во работа на прашања на демократско ѕладеење, со посебен фокус на собраниските реформи и управувањето со безбедносниот сектор,
Одлични интерперсонални вештини и способност за воспоставување и одржување на ефективни партнерства и работни односи во политички разновидна средина.
Напредни организациски вештини и вештини за изработување документи со способност за работа под притисок и со тесни рокови.
Од суштинска важност е познавање на политичкото опкружување и законодавните процеси и разбирање на опкружувањето во Собранието, како и на безбедносниот сектор во Македонија.
Подготвеност да се патува во странство,
Лицето кое ќе се вработи ќе мора да биде подготвено да помине процес на безбедносна проверка, со цел да добие безбедносен сертификат,
Напредно ниво на компЈутерски вештини, вклучувајќи Word и Excel.

4. Јазични вештини:
Минимум е одлично владеење со писмен и устен македонски јазик.
Минимум е одлично владеење со писмен и устен англиски јазик
Кандидатите треба да достават мотивациско писмо заедно со ажурирана кратка биографија на англиски јазик иа г-ѓа Селин Като, Административен асистент c.cattaud@dcaf.ch. Рок 10 јануари 2018.