АПАВЕ СЕЕ вработува Инженер по Геотехника
Инженер по Геотехника
АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ има потреба од Инженери по Геотехника кои би се приклучиле на тимот на инспектори кои работат на проекти надвор од Македонија, со следните квалификации:
- Инженер по геотехника
- Одлично познавање на англиски јазик
- Мобилност (повеќенеделни мисии на африканскиот континент, пред се во Гана, Западна Африка)
- Способност за тимска работа и организација на екипи
- Предност: Работно искуство во странство, искуство со менаџерска позиција и познавање на француски јазик
Опис на работно место:
- Посети на клиенти и константно истражување на пазарот
- Составување на техничко-економски понуди
- Составување на геотехнички инженерски извештаи кои ќе подлежат под котрола и надзор
- Развивање на партнерства со локални и европски геотехнички фирми (пред се од Македонија)
- Организација и надзор на екипи за истражни геотехнички дупчења
- Организација и надзор на лабораторијата за материјали
- Контрола на буџет предвиден за развивање и изведба на геотехничките проекти
- Автономија во организацијата согласно распоредот предвиден со одговорниот за Геотехника во APAVE International
Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до:
recruitment.3@apave.com
Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.