Инспекциски надзор во Депонијата Дрисла - во тек е набавка на филтер за постоечкиот инсинератор

Инспекциски надзор во Депонијата Дрисла - во тек е набавка на филтер за постоечкиот инсинератор
Државниот Инспекторат за животна средина на ден 10.01.2018г. изврши вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Депонија за комунален отпад Дрисла во с. Батинци, Општина Студеничани, при што ја констатира следната состојба:

ДПКО Дрисла-Скопје поседува измена на А-Дозволата за усогласување со оперативен план бр.11-10096/1 од 31.10.2013г.    



При инспекциски надзор е утврдено дека се почитува решението на ДИЖС за неработење на инсинераторот за согорување на медицински отпад во денови кога има надминување на прагот на алармирање. Во периодот од 01.01.2018 год. до денот на вонредниот надзор 10.01.2018 год. истиот не е во функција, а примениот медицински отпад се складира во контејнери.

Инспекторатот беше информиран дека согласно задолжението од решението се постапува и во тек е набавка на воден скрубер/филтер за постоечкиот инсинератор и истиот ќе биде инсталиран во периодот кој следи.

Во текот на вонредниот надзор Депонијата Дрисла работеше редовно за прием на комунален отпад од Република Македонија.

Од менаџментот е добиена информација дека сите потребни процедури и документи/дозволи за набавка на нов инсинератор се завршени и согласно склучениот договор се очекува опремата да пристигне до средината на април по кој период во рок од 45 дена би се пристапило кон монтажа на истата, а намената на инсинераторот би била освен согорување на медицинскиот отпад и производство на електрична енергија. Се очекува пробната работа да отпочне во текот на месец јуни оваа година. За сите преземени активности редовно ќе биде информиран Државниот Инспекторат за животна средина. Од Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање и правниот субјект Дрисла Инспекторатот беше известен дека согласно санкцијата од Комисијата е постапено, односно казната е платена во рок од 8 дена при што е платено 50% согласно постоечките законски одредби  .

Инспекторатот беше известен од страна на менаџментот дека во правниот субјект е извршен надзор од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност во однос на јонизирачко зрачење и било констатирано дека нема зголемено ниво на радиоактивност.

За потребите на медицинските установи од Градот Скопје и околината, а согласно Решението на Министерството за здравство, ДРИСЛА - СКОПЈЕ ДОО е единствено претпријатие кое врши собирање и согорување на медицински отпад, односно негова обработка.

За таа цел во кругот на депонијата е поставена печка за согорување на медицинскиот отпад – инсенератор, со капацитет од 200кг на час согорување на медицински отпад или 500 тони на годишно ниво.

Инсенераторот (печката за спалување на медицински отпад) е дониран на Р.Македонија од Британската Влада. Донесен е на локалитетот Дрисла во Февруари 2000 година, а пуштен е во употреба во Април 2000 год.

Инсенераторот лоциран во депонија Дрисла е со основна намена за спалување на медицински отпад и лекови со поминат рок. Но, исто така во него може да се согорува и друг вид на отпад по барање на правни и физички лица.

За нормално функционирање на инсенераторот, ДРИСЛА - СКОПЈЕ ДОО располага со: главен проект, челична настрешница, ограда, резервоар за манипулативно гориво од 10 тони, скали и платформа, бетонска плоча, тампонирање на манипулативно плато и граничници, објект за вработени, громобранска инсталација и агрегат.

Во следниот табеларен приказ се прикажани количините на собран, транспортиран и согорен медицински отпад во кг по години.