Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 28.02.2018
 

Јавен повик до работодавачи

 
Врз основа на Оперативниот прирачник за Програмата за условен паричен надоместок (УПН) за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик, на ден 10. 1. 2018 година се објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
до работодавачи

Се повикуваат работодавачите кои имаат потреба од нови вработувања со субвенционирање на бруто плата, да аплицираат за учество во Програмата која вклучува 6 (шест) месечна субвенција на бруто плата, со обврска работникот да се задржи дополнителни шест месеци на работа.

Субвенцијата ќе се исплаќа во два износа - еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи.

Понискиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 17.500, 00 МКД по вработено лице, a повисокиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 19.500, 00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително на ова, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување, на работодавачот ќе му се исплаќаат по 5.000, 00 МКД по вработено лице преку оваа програма и истите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и материјали.

Работодавачот е должен на вработените да не им исплаќа плати пониски од добиената субвенција во периодот од 6 месеци по субвенционираното вработување.

Работодавачот може да вработи невработени лица кои припаѓаат на една од целните групи и тоа:

1) Корисници на социјална парична помош
2) Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници напаричнапомош 1826)
3) Лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование
4) Членови на семејства корисници на едно од следниве права: постојана парична помош, и детски додаток
5) Жртви на семејно насилство кои се сместени во шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика
6) Лица кои биле корисници на државна стипендија во последните 15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето платаобјавена од Државниот завод за статистика
7) Лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

Право на учество во програмата имаат работодавачите кои не го намалиле бројот на вработени во периодот од објавувањето на јавниот повикдо поднесување на барањето за субвенционирано вработување, освен во случај на пензионирање или смрт.

Заинтерисираните работодавачи можат да поднесат пријави во работните клубови во Центрите за вработување во РМ до 28.02.2018 година секој работен ден од 7:30 - 15:30 часот.

Детални иформации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакттелефон 02/3 11 1850 лок. 223 и веб страна www.avrm.gov.mk

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
date-icon Активен до: 28.02.2018
 
Објавено на 10.01.2018 во категорија Вработување
Тагови:
 
 

Издвојуваме

Препорачани вести од Facebook