Оглас за вработување во Макпетрол АД Скопје... Отворени се 7 (седум) работни места

Оглас за вработување во Макпетрол АД Скопје... Отворени се 7 (седум) работни места

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува

ОГЛАС
За вработување на 3 (тројца) работници на определено време од 5 (пет) месеци на работно место пожарникар - обезбедувач во Сектор за безбедност во Дирекција за големопродажба, од кои:

- 2 (двајца) работници во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во Склад Илинден - Скопје и
- 1 (еден) работник во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во Полнилница Миладиновци - Скопје.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование техничка насока;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Лиценца за физичко обезбедување;
Уверение за стручно оспособување за пожарникар.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 18. 200 денари.

За вработување на 4 (четири) работници на определено време од 5 (пет) месеци на работно место манипулант општ работник во Скопје - работна единица

Склад Илинден во Дирекција за големопродажба.


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Со или без работно искуство.

Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.

Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 18.200 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол" АД. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 -Скопје

лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146491
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидаги ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рошт на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, немада бидат земени предвид.

Рошт за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

„МАКПЕТРОЛ" А. Д. - СКОПЈЕ