Невладината организација Македонија2025 е во потрага по практикант за видео монтажа

Невладината организација Македонија2025 е во потрага по практикант за видео монтажа

Се бара млад ентузијаст кој е подготвен да учи и да се предизвика себеси во нови средини. Генерално, кандидатот треба да има познавање или искуство со видео монтажа, уредување на содржини и работа во Wordpress.


Доколку кандидатот има познавање во однос на видео монтажа, слободно може да аплицира, искуството поврзано со останатите две вештини не е задолжително, но е добредојдено и дава предност. Монтажата подразбира работа во некој од програмите за video editing, и се работи за видеа од говори кои се одржале во рамките на Самитот Македонија2025, сведоштва на наши алумни, интервјуа, промотивни видеа итн. кои потоа би се употребувале за промоција.

Работно време: Понеделник до петок (08:00 – 16:00) Овие рамки се флексибилни поради природата на работата, односно постои опција некогаш да се работи и од дома или пак да се работи надвор од работното време доколку кандидатот е се уште студент и не може секој ден да доаѓа во канцеларија во текот на работниот ден.

Надомест/хонорар: По договор

Додатна вредност: Македонија2025 со задоволство би го дообучиле кандидатот и во други полиња од негов интерес (комуникации, маркетинг, организација на настани итн.) , со цел да го прошири своето знаење.

Сите заинтересирани можат да го испратат своето резиме на  office@macedonia2025.com или пак да постават дополнителни прашања.
Повеќе за организацијата: http://www.macedonia2025.com/