ЕУ ќе го измени начинот на наплата на патарините!

ЕУ ќе го измени начинот на наплата на патарините!

Подготвил: Б.Б.

patarina
Фото: АР

Директорот на Хрватските автопатишта, Борис Хузјан изјави дека на ниво на целата Европска унија се подготвуваат измени на системите за наплата на користењето на автопатиштата.

„Во контекст на развој на моделот за наплата на патарините за сите видови возила, важно е да се истакне дека со предложената нова директива на Европскиот парламент се планира во скора иднина плаќањето патарини единствено да биде можно по моделот- помината делница на одреден автопат, а не наплата за одреден број користења“, изјави Хузјан.

Тој истакна дека таков систем веќе постои во Хрватска.

„Ресорното министерство во склоп на реформите кои се спроведуваат распишало јавен повик за покажување интерес за изработка на студија за развој на електронски систем на наплата на патарините во Хрватска“, вели тој.

Како што наведува, намерата е да се унапреди постоечкиот систем за наплата на патарини, а студијата ќе треба да покаже која форма на електронски систем за наплата ќе биде најпогодна за ефикасно користење.