Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Најавени се драстични промени на „Фејсбук“!

 
mark
Фото: Reuters

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, најави големи промени во алгоритмот кој ја уредува почетната страница, односно во рубриката „Новости“ (News Feed) на „Фесбук“ така што отсега приоритетот ќе биде ставен на „смислените социјални интеракции“ наместо на „релевантните содржини“, со што ќе се обезбеди времето поминато на „Фејсбук“ да биде „корисно поминато време“, пишува „Гардијан“.

Конкретно, тоа значи дека „Фејсбук“ ќе го намали значењето и дофатот на постовите, фотографиите и видео-клиповите кои ги споделуваат медиумите и компаниите – или според зборовите на Закерберг, приоритетот веќе нема да биде на „јавните содржини“ туку на содржините кои ги произведуваат нашите пријатели и членови на семејството.

„Рамнотежата на News Feed се префрли од најважната работа што ја правеше Фејсбук – меѓусебно да нè поврзува. Чувствуваме одговорност за тоа дека нашите услуги не се само за забава туку и за општа благосотојба“- напиша Закерберг во својот подолг пост на оваа социјална мрежа.

Како што пишува „Гардијан“ се чини дека овие промени се замислени и како одговор на критиките што ги трпеше „Фејсбук“ минатата година, а според кои оваа социјална мрежа беше обвинета за ширење дезинформации, со кои подоцна се влијаеше и врз изборите во САД на крајот на 2016 година, но и за експлоатација на човечката психологија заради стекнување профит.

На почетокот Закерберг и неговиот тим ги отфрлаа обвинувањата, особено влијанието на пропагандата и лажните вести во американските избори, но есента минатата година ја променија „плочата“ откако признаа дека компаниите поврзани со руските власти купиле рекламен простор во вредност од 100.000 долари за да промовираат содржини кои ги зајакнувале поделбите во политичките ставови меѓу луѓето.

Како што истакнува Закерберг во својот пост, последните неколку години видео и другите јавни содржини „експлодирале“ на „Фејсбук“ до таа мера што ги засениле содржините и новостите на нашите виртуелни пријатели.

Оваа промена најмногу ќе влијае врз медиумите кои произведуват вести, со оглед што послените години многу од нив  ги прилагодиле своите содржини за рекламирање на оваа социјална мрежа на постоечкиот алгоритам на News Feed. Закерберг признава дека овие промени ќе резултираат со намалување на времето што корисниците го поминуваа на „Фејсбук“, што би можело да има негативни последици врз компанијата, барем краткорочно.

„Ако ја направиме вистинската работа, сметам дека долгорочно ќе биде добро за нашата заедница и нашиот бизнис“, заклучи Закерберг
 
Објавено на 12.01.2018 во категорија Технологија
Подготвил: Б.Б.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook