Отворени се 26 (дваесет и шест) работни места во СОЗР на Владата на Р. Македонија

Отворени се 26 (дваесет и шест) работни места во СОЗР на Владата на Р. Македонија

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ" бр. 27/2014, 1 99/2014 и 27/2016), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот работните односи („Службен весникна РМ" бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2105, 195/2015и27/2016), Правилникот за систематизација на работните места во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија бр. 013692/2 од 01. 06. 2015 година, бр. 013692/6 од 29. 07. 2015, бр. 015703/4 од 16. 09. 2015 година, бр. 015703/3 од 17. 09. 2015 година, бр. 015703/5 од 26. 10. 2015 година бр. 017007/1 од 09. 1 1. 2015 година, бр. 017819/1 од 09. 12. 2015 година, 0120/2 од1 1. 01. 2016 година, 0119/1 од 03. 01. 2017 годинаи 012644/1 од 12. 07. 2017година, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објавува;

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2018
за вработување на работници поради привремено зголемен обем на работа во
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија поради привремено зголемен обем на работа, објавува јавен оглас за ангажирање на 26 лица на определено време, додека трае потребата на институцијата, a најдолго 1 година на следниве работни позиции:

1. Возач во гаража во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 5 извршители;
Потребни квалификации; Средно образование, возачка дозвола од Б категорија, работно искуство од најмалку 1 година;
Основната нето плата изнесува 13. 525, 00 денари;

2. Возач со Д категорија во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 2 извршители;
Потребни квалификации: Средно образование, возачка дозвола од Д категорија, работно искуство од најмалку 2 години;
Основната нето платаизнесува 1 6. 1 36, 00 денари;

3. Келнер во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти -4 извршители;
Потребни квалификации: Средно образование од областа на угостителството, способност за усна комуникација, основно познавање на англиски јазик, работно искуство од најмалку 1 година;
Основната нето плата изнесува 13. 112, 00 денари;

4. Садомијач во кујна во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти -2 извршители;
Потребни квалификации: Средно образование, со или без работно искуство;
Основната нето платаизнесува 12. 011, 00 денари;

5. Кафе готвач во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 2 извршители;
Потребни квалификации: Средно образование со или без работно искуство;

Основната нето плата изнесува 13. 112, 00 денари;

6. КВ дактило работник во Одделението за извршување нормативно правни, стручно -административни и архивски работи 4 извршители;
Потребни квалификации; Средно образование, способност забрзо и слепо отчукување на текст вопишанаформа, диктат исимнувањена говород лента, да има познавање на Microsoft Office Word, работно искуство однајмалку 1 година;
Основната нето плата изнесува 12.068, 00 денари;

7. Самостоен референт Дебатен стенограф во Одделението за извршување нормативно правни, стручноадминистративни и архивски работи 2 извршители;
Потребни квалификации: Средно или Вишо образование, способност зарачен брзопис и самостојните белешки да ги издиктира на операторот, да извршува стилска и јазична редакција применувајќи го македонскиот јазик, да има солидно познавање на Microsoft Office Word и Excel, работно искуство од најмалку 1 година;
Основната нето плата изнесува 1 5. 68 1 ,00 денари;

8. Самостоен референт Архивар во Одделението за извршување нормативно правни, стручно административни и архивски работи 1 извршител;
Потребни квалификации: Средно или Вишо образование, познавање на канцелариско и архивско работење, архивирање на предмети според плановите за архивски знаци, постапување со документарен материјал и архивска граѓа, претходно работно искуство ќе се смета за предност;
Основната нето плата изнесува 15.681 ,00 денари;

9. Самостоен референт Организатор за обезбедување на машински инсталации во Одделението за тековно одржување на објектите на државната управа и следење на комуналните трошоци 1 извршител;
Потребни квалификации: Средно или Вишо образование од областа на машинската струка, водење на евиденцијa за машински инсталации, изготвување на извештаи и информации за машински инсталации, сместување, чување и одржување на машинските инсталации, претходно работно искуство ќе се смета за предност;
Основната нето плата изнесува 15.681,00 денари;

10. Самостоен референт Контролор за денарско и девизно работење и пресметка на плати во Одделението за сметководство и плаќања 3 извршители;
Потребни квалификации; Средно или Вишо образование, трезорско, денарско и девизно работење и пресметка на плати, изготвувањена налози за исплата и уплата, оформување на налози за книжење и нивно комплетирање со книговодствени документи, претходно работно искуство ќе се смета за предност;
Основната нето плата изнесува 15.681,00 денари;

Кандидатите кон пријавата за засновање на работен однос треба да ги приложат и следните документи;

Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
Кратка биографија (CV), со наведен контакт телефон и адреса;
Уверение/Свидетелство за завршено соодветно образование;
Доказ за работното искуство потребно за работното место;

Работното време изнесува 40 часа неделно, a распоредот на истото го утврдуваработодавачот, кое може да биде организирано во смени, согласно потребите наработниот процес.

Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.

Пријавите да се достават до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, ТЦ Скопјанка Скопје, преку архиватана Службата или преку пошта.

Пријавите штонема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ги исполнуваат условите.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рокот пропишан во согласност со Законот заработни односи.

Служба за општи и заеднички работи
на Владата на Република Македонија