Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Како лекарите успеваат да се заштитат од грипот?

 

Насмеана лекарка
(Фото: Pixabay)


Лекарката Лаурен Рихтер вели дека во последните 15 години работен стаж зела само два-три слободни дена бидејќи се придржувала токму до основите.

Препораките се познати: редовно миење раце, што почесто во текот на денот. Со топла вода и со сапун, без брзање.

Во периодите кога владее грипот, рацете да се држат подалеку од носот и устата. Да се избегнува јадење со раце, а да се применува соодветен прибор.

Да се чистат и површините околу кои се движиме и функционираме. Грипот и настинката се вируси кои лесно се пренесуваат од човек на човек, но и од некоја површина на човекот. Затоа треба редовно да ги чистиме телефоните, тастатурите, рачките од вратите и што било што делиме со другите, како, на пример, пенкалата.

Физичките вежби, исто така, го зајакнуваат имунитетот. Колку и да ни трае вежбањето, позитивните ефекти се неизбежни.

Тука се и чаевите од билки, во комбинација со лимон и мед. Топлите напивки им годат на болното грло и на кашлицата. Природниот мед во големи количини е многу поефикасен од декстрометорфанот што се користи кај децата за олеснување на кашлицата.

За затнатиот нос, одличен е физиолошкиот раствор. Тој се состои од вода и од морска сол, па во секој случај не може да ни наштети.

Пилешката супа, исто така, не се препорачува без причина. Нејзината топлина го прочистува носот и го олеснува дишењето. Комбинацијата на состојките во супата има одличен ефект врз имунитетот и го олеснува воспалението предизвикано од вирусите на настинката, откриваат истражувањата.
 
Објавено на 13.01.2018 во категорија Здравје
Подготвил: Б.Б. / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook