Непримерна дефиниција за панкер во црногорски учебник за четврто одделение

Непримерна дефиниција за панкер во црногорски учебник за четврто одделение

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

panker
Фото: Facebook

Во учебник за четврто одделение од основно училиште во Црна Гора, наречен „Магија на читањето“, авторите Наташа Боровиќ и Соња Ашанин го дефинирале поимот панкер како оној што припаѓа на музичкиот панк-стил и посебен стил на облекување и однесување: грдо, валкано, нападно.

Сфаќаме дека одреден правец во музиката и придружниот стил на облекување не му се допаѓаат некому, но вакви етикети наметнати на 10-годишни деца се чинат како опасни за нивниот развој.