Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Неверојатен факт поврзан со десеттиот претседател на Америка

 
фото
Фото: Getty Images

Џон Тајлер, десеттиот претседател на Америка, бил роден во 1790 година. Неговиот претседателски мандат бил од 1841 до 1845 година. Починал во 1862 година и денес има двајца преживеани внуци.

Лион Гардинер Тајлер Џуниор е роден во 1924 година, додека Харисон Руфин Тајлер е роден во 1928 година и е син на Лион Гардинер Талјер Сениор, кој бил едно од 15-те деца на претседателот Џон Тајлер.

Да, 15 деца. Како што Харисон објаснил во интервју од 2012 година за „Њујорк магазин“:

„И дедо ми, претседателот, и татко ми, двапати стапиле во брак. Имале деца со првите сопруги. Нивните први сопруги починале, така што се ожениле повторно и повторно имале деца. Татко ми имал 75 години кога се родив јас, а неговиот татко имал 63 години кога се родил тој“.
 
Објавено на 13.01.2018 во категорија Култура
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook