Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

„Состојки“ потребни за живот пронајдени во метеорити што паднале на Земјата

 
voda

Во 1998 година два метеорити стари 4,5 милијарди години паднале на Земјата, а дури сега биле откриени некои од тајните што метеоритите ги носеле во себе.

Метеоритите наречени Монаханс и Заг се првите откриени што содржат „состојки“ за живот: течна вода, аминокиселини, јаглеводороди и други органски материи.

Анализата на хемискиот состав на сините и пурпурни соли и калиум кристали од метеорити била објавена во списанието „Напредна наука“ во средата. Иако ова не е баш доказ дека постои живот надвор од Земјата, трагите на водата во солените кристали може да датираат од најраните денови на нашиот Сончев Систем.

Пред да паднат на Земјата (еден во Тексас, во март 1998 година, а друг во близина на Мароко во август 1998 година), метеоритите живееле во астероидниот појас на нашиот Сончев Систем милијарди години.

Солените кристали од двата метеорити се слични, така што истражувачите веруваат дека овие два објекти наишле еден на друг во одреден момент. Но солените кристали не биле секогаш дел од самите метеорити. Можно е тие да дошле од вулканска активност што исфрлала вода или мраз, што се случува во океанските светови во нашиот Сончев Систем, и се припојуваат со метеоритите при судир.

„Нашата координирана органска анализа на солните кристали сугерира дека органската материја потекнува од тело богато со вода - океански свет во раниот Сончев Систем, веројатно Церес“, вели Куини Чан, автор на студијата и постдокторски истражувачки соработник на Отворениот универзитет во Велика Британија.

2

Церес е кафеава џуџеста планета и најголемиот објект во нашиот астероиден појас. Хебе, камен астероид што се смета за извор на други метеорити што паднале на Земјата, е потенцијален „родител“ на метеоритите.

Зошто сега?

Мораше да се создаде понапредна технологија пред истражувачите дури и да помислат на длабинска анализа. Мајкл Золенски, советникот на Чан, од вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА, го имал примерокот уште од 1998 година. На истражувачите им биле потребни високо чувствителни инструменти што можеле да ги анализираат солните кристали. Чан внимателно ги собирал примероците од солните кристали со помош на деликатни инструменти. Примероците биле како дел од ширината на човечкото влакно.

Но упорноста се исплати. Тие успеале да ги проучат примероците користејќи напредни ласерски зраци и микроскоп од Националната лабораторија на Лоренс Беркли во одделот за енергетика. Инструментот може да мери траги од специфични елементи и ги откри органските материи заробени во кристалите.

Чан вели дека нејзиниот тим успеал да спаси некои од поголемите сини кристали за идна анализа. Тие се надеваат дека ќе откријат повеќе течна вода во солените кристали и ќе го испитаат потеклото на самата вода.

Исто така, ова на истражувачите им дава модел за она што се случувало во ледената месечина на Јупитер, Европа, и месечината на Сатурн, Енцелад, која е покриена со мраз и под неа има океан.

„Нашиот заклучок дека метеоритите содржат широка разновидност на органски соединенија е возбудлив, но она што ме израдува најмногу беше дека можевме да ги истражуваме аминокиселините, градежните блокови на животот - како и нерастворливи органски соединенија што се содржат во малите солени кристали што се само околу 2 милиметри и домаќини на течна вода - уште една клучна состојка за живот“, заврши Чан.
 
Објавено на 14.01.2018 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook