Задача преку која ќе одредите дали имате висок коефициент на интелигенција

Задача преку која ќе одредите дали имате висок коефициент на интелигенција

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Студија спроведена на Универзитетот во Рочестер открила како едноставно да го проверите коефициентот на интелигенција со помош на многу краток визуелен тест.


Едноставната вежба ја мери несвесната способност на мозокот да филтрира визуелни движења. Студијата покажала дека поединецот чиј мозок е подобар во автоматското препознавање на заднински движења постигнува подобри резултати на стандардните тестови за интелигенција.

Учесниците во истражувањето гледале кратки видеоисечоци од црни и бели прачки што се движат преку екранот на компјутерот. Нивната задача била да се утврди насоката на движење – дали се движат лево или десно. Прачките се прикажани во три големини, а најмалата била со ширина колку еден палец. Учесниците ги решиле и стандардизираните тестови за интелигенција. 

Се покажало дека лицата што постигнале подобри резултати на тестовите за интелигенција подобро го уочувале движењето на прачките при набљудувањето на исечокот од најмала големина. Меѓутоа, се покажало дека лицата со подобри резултати на тестовите за интелигенција послабо го уочуваат движењето на прачките во најголемите исечоци. Таа неспособност на мозокот да перципира големи движечки слики, всушност, покажува способност на мозокот да го потисне заднинското движење. Во повеќето случаи заднинското движење е помалку важно од малите предмети што се движат во преден план.