Светот полуде по новиот „суперпијалак“

Светот полуде по новиот „суперпијалак“

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Шолја кафе
(Фото: Pixabay)


Новиот рецепт за таканареченото суперкафе на „Пинтерест“ е пребаруван дури за 218 проценти повеќе во споредба со минатата година.

Ако зборот „supercoffee“ го напишете за пребарување на „Пинтерест“, ќе пронајдете низа рецепти што сугерираат дека во вашиот омилен топол пијалак треба да додадете некаков „супердодаток“.

За што всушност станува збор? Имено, ако им веруваме на трендсетерите, веќе не е доволно да се пие само обично кафе, туку истото треба да се облагороди.

Во превод, тоа значи дека е пожелно вкусот на кафето да се „подобри“ со кокосов шеќер, куркума или со некаков протеински прашок.

Од сите понудени состојки, веројатно најдобра опција е да додадете куркума, која е полна со антиоксиданси, го намалува нивото на шеќер во крвта, има антивоспалително дејство, а помага и во борбата против депресијата.

Ако не пиете кафе, пијалакот од куркума можете да го подготвите така што ќе загреете бадемово млеко во кое ќе додадете малку куркума, цимет и ѓумбир, а по потреба можете да го засладите и со мед.