Алиса во земјата на математиката: 150 години подоцна

Алиса во земјата на математиката: 150 години подоцна

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

1
Фото: John Tenniel

Девојката Алиса го брка белиот зајак што минува покрај неа додека трча и го гледа џебниот часовник. Откако ќе падне во зајачката дупка, Алиса одеднаш влегува во фантастична земја населена со мачка што може да стане невидлива, карти за играње што зборуваат и кралица која бара обезглавување на секој што ќе се обиде да ѝ се спротивстави. Бидејќи ова е приказна за деца, природно е „Алиса во Земјата на чудата“ и нејзиното продолжение да портретираат имагинарен свет.

Сепак, постои нешто во врска со приказните на Луис Керол што ги прави посебен случај и е прашање за дебата за возрасните дури и денес, 150 години по објавувањето на книгата.

Она што ја разликува Алиса од другите приказни за деца е нејзината уникатна употреба на логиката, понекогаш донесена во крајности, како кога Шапкарот ѝ кажува на Алиса дека може да се напие уште чај, меѓутоа, со оглед на тоа што сѐ уште не се напила ништо, не може да се напие „помалку чај“. Но во други моменти, логиката е превртена до апсурд - часовниците го кажуваат денот, но не и часот, времето и меморијата работат во двете насоки, поминуваат неколку дена истовремено, а никој не мора да трча за да остане во истото место.

Оваа необичност на Алиса има објаснување: Чарлс Лутвиџ Догсон, вистинското име на британскиот писател Луис Керол, кој исто така бил фотограф, пронаоѓач и ѓакон на англиската црква, пред сѐ, бил математичар, професија за која студирал и учел на колеџот „Крајст Чрч“, Оксфорд. Математичкото дело на Догсон е детално истражено само во последните неколку децении.

алиса
Фото: Оригинал од скриптата на Луис Керол

Oваа верзија на Керол како конзервативен математичар ја инспирирало Мелани Бејли, доктор по англиска книжевност на Универзитетот „Оксфорд“, да интерпретира одредени пасуси на Алиса како потсмев на напредокот на неговото време. Во средината на деветнаесеттиот век алгебрата се пробивала во апстрактно подрачје. Математичарот Соломон Голомб цитира дијалог од продолжението „Алиса зад огледалото“ каде што Алиса зборува со Хамти Дамти, дијалог полн со измислени зборови. „Верувам дека ова е исмејување на Керол за модерната апстрактна математика, што даваше доста специфични технички значења на таквите секојдневни зборови“, вели Голомб.

Теоријата на Бајли за Алиса како пародија на новата математика е прикажана во поглавјето со чајната забава, во која Алиса ги сретнува Шапкарот и неговите двајца придружници. Тројцата вечно имаат чај во шест бидејќи Времето ги напуштило. Според Бајли, постои јасна аналогија со концептот на кватерниони, предложени од математичарот Вилијам Роуан Хамилтон. Исто како што комплексните броеви се состојат од два термина, кватренионите се состојат од четири, што одговараат на трите просторни димензии и време. Во отсуство на Време, трите лика во сцената не прават ништо, туку одат околу масата за чај, исто како што кватернионите на Хамилтон само дозволуваат ротација во авионот; ако се отстрани четвртиот термин.

Некои експерти, како Голомб, не се согласуваат со тезата на Бајли. Тој смета дека алгебарските термини што ги предложил Голомб се од континентално потекло и не биле популарни во викторијанската математика, па затоа Керол не бил свесен за нив.

Но Бејли додава дека скриените шеги во книгата не се ограничени само на математиката. Керол ја напишал приказната за мало девојче, Алиса Лидел, чиј татко бил деканот на „Крајст Чрч“ и со тоа негов шеф. Во првичната верзија Керол му ја дал книгата на семејството Ладел, кое ја поставило на нивната масичка за кафе. Во првичната верзија недостигале некои пасуси, како што е чајната забава и други што Керол подоцна ги додал по разговорот со деканот за политиката на „Оксфорд“ и новата математика. „Спојувајќи ги сопствените математички списи, неговата тенденција да ја критикува политиката на ’Оксфорд‘ низ хумор, неговите ставови за современото математичко образование и неговиот судир со таткото на Алиса Лидел, може да се најдат постмевања во вметнатите сцени“, резимира Бајли.

Ова исто така открива дека Керол бил иноватор и користел средства што денес се многу честа појава во детските филмови. „Алиса е книга за деца со шеги за возрасни поврзани со светот на Догсон во Оксфорд“, заклучува Бајли. Поради оваа причина, математичарот Чарлс Додгсон секогаш ќе биде запомнет како авторот Луис Керол. „Не можеме да знаеме дали тој бил добар математичар. Ако тоа е вистина и ако Алиса била сатирична приказна, тогаш веројатно тој бил отпадник во математичката заедница, иако воопшто не бил ни член на таа заедница“, вели Девлин.