Интересни факти за античките жени што не сте ги учеле на училиште

Интересни факти за античките жени што не сте ги учеле на училиште

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

zeni
Фото: Pixabay

Жените имаат долга историја на еманципација; дури и денес, целосната родова рамноправност допрва треба да дојде. Меѓутоа, во античките времиња работите се разликувале. Жените во Рим, Грција, Египет, Индија и Кина имале многу права, ограничувања, хобија и навики.

Ова се најинтересните факти за античките жени што не се споменуваат на часовите по историја.

Римските девојки имале своја верзија на Барбика

Во антички Рим девојките се венчавале кога имале 12 години. Иако нивното детство не траело долго, тие и тогаш имале играчки и играле. Една од играчките откриена кон крајот на 19 век била античка кукла што имала неверојатна сличност со сегашната Барбика.

Исто така, жените во антички Рим носеле нешто слично на денешното бикини.

Египетските жени имале еднакво право да го наследат престолот

Египет бил многу подемократски отколку другите антички кралства. Главен доказ за тоа е фактот дека и покрај полот, секое дете можело да го наследи престолот. Мажите и жените биле еднакви, што за тоа време е прилично необично. Всушност, семејната линија во античкиот Египет се наследувала од страна на мајката, а не од таткото. Ова било предизвикано од фактот што наследството можело да се докаже ако се знае која е мајката, затоа што ДНК-тестовите за татковците тогаш не биле достапни.

Жените во Грција имале право на развод


Иако жените во античка Грција не се сметале за граѓани и нивните права за слобода биле строго ограничени, процедурата за развод била прилично фер. Ако жената сакала да се разведе од својот маж, таа морала да изнајми трето лице, маж (само мажите можеле да се занимаваат со право), кој би ја извршувал работата наместо неа. Но ако мажот бил тој што сакал развод, сѐ што требало да направи е да ја исфрли жената од дома.

Во Кина жената можела да биде исфрлена ако премногу зборувала

Во древна Кина жената немала речиси никакви права и се сметала за нешто што го поседува сопругот. Склопувањето на бракот било организирано од професионални учесници, а жената го запознавала својот сопруг на венчавката. Причините за развод од страна на мажот биле различни: неуспех жената да роди син, болест, љубомора или ако премногу зборувала.

Жените во Индија можеле да ги избираат своите мажи

Ова е многу интересно бидејќи денес договорените бракови се прилично чести во Индија. Но во минатото жената во Индија била еднаква на мажот. Таа имала право да го избере својот сопруг и да се венча кога ќе посака. Исто така, жените во Индија имале право на високо образование.