Оглас за вработување во Микросам - Овластен сметководител

Оглас за вработување во Микросам - Овластен сметководител

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ – 2 работни места


 Основни одговорности и задачи:


• Советување и контрола на примената за меѓународни норми и законски прописи
• Изработка и предлагање на сметководствена финансиска политика на Друштвото
• Подготовка на даночни пријави, давање на совети во врска со даноците и решавање на спорни барања пред даночните органи
• Подготовка на финансиски извештаи и буџети
• Контрола на сметките и на книговодството и финансиите
• Координација со надворешните финансиски институции

Квалификации и компетенции:

• Кандидатот да поседува Уверение за овластен сметководител, согласно Законот за вршење на сметководствени работи
• Завршен Економски факултет
• Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?

• Одлични услови за работа во креативна средина
• Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
• Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
• Учество на меѓународни проекти 
• Организиран превоз и храна

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: 
prijava@mikrosam.com

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Рокот за пријавување е до 10.02.2018г..

Микросам АД е светски лидер во производство на специјализирани машини за композитната индустрија. Со над 27-годишно искуство во развој, Микросам е познат по врвно познавање на производство на композитни материјали (carbon-, glass-fiber, etc.). Фирмата има дизајнирано и инсталирано над 200 производни линии кај водечките купци во над 40 земји во светот, како што се Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Кореа. Успешните купци во авио, автомобилска, енергетска, бродска, одбранбена индустрија, како и врвни истражни центри континуирано ја потврдуваат лидерската позиција на Микросам да носи иноватини решенија за напредно производство на композити. 

Прегледајте не на: www.mikrosam.com 
.