Русија 2046 година: Поглед во сајбер-иднината

Русија 2046 година: Поглед во сајбер-иднината

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

rusija
Фото: Evgeny Zubkov

„Русија 2046“ е проект на рускиот уметник Евгениј Зубков посветен на неговата визија за тоа како Русија би изгледала за 20 години ако моменталната технологија се развие понатаму, но сепак е во состојба на запоставување, што вообичаено се случува во Русија.

Стара Русинка (која веројатно сега е млада) храни беспилотни летала (со батерии?) како да се птици. А земјоделецот не ги обработува земјоделските култури, туку криптовалутите во огромна сајбер-штала со големи графички процесори.