„Вајбер“ со нова опција

„Вајбер“ со нова опција

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Апликацијата за разговори и испраќање мултимедијални содржини „Вајбер“ од неодамна има нова опција која наиде на позитивни коментари кај корисниците.


Се работи за можноста за размена на фотографии и видеозаписи, кои по гледањето автоматски ќе се избришат. Сè што треба да се направи е внатре во самата апликација да снимите фотографија или видео, а потоа да се избере времетраењето после кое содржината ќе биде избришана.

Иконата со новата опција се наоѓа во горниот десен или долниот лев агол со симбол кој покажува пречкртан часовник.

Бришењето на пораките може да се постави на една, три или на седум секунди.