Најдобрите универзитети за инженерство и технологија во светот

Најдобрите универзитети за инженерство и технологија во светот

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

За многу професии, високото образование е неопходно и може да ѝ помогне на индивидуата да напредува. Инженерското образование им овозможува на идните инженери да решаваат реални проблеми и да дадат свој придонес во креирањето позитивни бизнис-резултати.


Причините за продолжување на образованието може да бидат повеќе лични отколку професионални, бидејќи личните цели се основата на сечиј успех. Во продолжение погледнете ја листата со најдобри универзитети во областа на инженерството и технологијата. САД се на првото место на листата со 100 најдобри инженерски училишта во светот, во 2017 година. Сепак, тука се и Велика Британија, Сингапур, Швајцарија, Кина, Јапонија. Вброени се универзитети на кои се изучуваат компјутерска наука, електроника, механика, градежништво и слично.

1. Масачусетс институт за технологија (МИТ)

Број на студенти: 11.192
Интернационални студенти: 33%
Женски/Машки студенти: 37 : 63

2. Универзитет „Стенфорд“

Број на студенти: 15.658
Интернационални студенти: 22%
Женски/Машки студенти: 42 : 58

3. Универзитет „Кембриџ“

Број на студенти: 18.389
Интернационални студенти: 35%
Женски/Машки студенти: 45 : 55

4. Технолошки универзитет „Нанјанг“, Сингапур

Број на студенти: 18.605
Интернационални студенти: 35%
Женски/Машки студенти: 45 : 55

5. Федерален институт за технологија „ETH“, Швајцарија

Број на студенти: 18.616
Интернационални студенти: 37%
Женски/Машки студенти: 31 : 69

6. „Империјал колеџ“, Лондон

Број на студенти: 15.263
Интернационални студенти: 52%
Женски/Машки студенти: 37 : 63

7. Национален универзитет на Сингапур

Број на студенти: 31.111
Интернационални студенти: 32%
Женски/Машки студенти: 50 : 50

8. Универзитет „Беркли“, Калифорнија

Број на студенти: 34.834
Интернационални студенти: 16%
Женски/Машки студенти: 52 : 48

9. Универзитет „Оксфорд“

Број на студенти: 19.717
Интернационални студенти: 35%
Женски/машки студенти: 46 : 54

10. Универзитет „Тсингуа“

Број на студенти: 41.537
Интернационални студенти: 10%
Женски/Машки студенти: 32 : 68

Остатокот од листата можете да го погледнете на овој линк.