Алгоритамот што ги уништува децата

Алгоритамот што ги уништува децата

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Никој не ви кажува дека станувањето родител значи и криење многу мали тајни од децата. Има уште едно нешто со кое родителите тешко се справуваат: децата гледаат многу дигитални содржини.

фото извор: CNN

Според одредени статистики, околу 20% од децата користат мобилен уред, во просек по 28 минути дневно, и тоа додека да наполнат 18 месеци. Додека да наполнат 3 години, децата веќе одлично се снаоѓаат со технолошките уреди. Најчесто ги гледаат видеата што ги има на „Јутјуб“ и низата детски канали на платформата. Како и повеќето стриминг-сервиси, и оваа платформа, откако завршува еден видеозапис, автоматски пушта друг кој смета дека на детето ќе му се допадне, врз основа на тоа што го гледало претходно. Што значи дека за видеоселекцијата е виновна машината, односно алгоритамот врз чија основа е креирана.

„Амазон“, на пример, привлече внимание пред ураганот „Ирма“, кога луѓето почнаа да гледаат понуди со огромни цени за вода, едноставно таквите производи се искачија на врвот на листата. Во овој случај, додека алгоритамот на „Амазон“ можеше да постигне нешто добро, сепак, не блокираше и нешто лошо, па тука настанува проблемот, односно потребата за промена на нашите барања во врска со технологијата околу нас. Прво, тоа треба да се примени во медицината, односно да се креираат алгоритми кои ќе бидат програмирани да препознаат нешто абнормално и да предупредат луѓе на соодветен начин.

Автоматското пуштање на видеата, од кои повеќето имаат бизарна содржина, е голем проблем за родителите, а контролата што тие може да ја имаат за да извршат блокирање на тие содржини не е доволно позната. Иако од една страна е придобивка што ги имаме сите тие паметни уреди, се поставува прашањето како тие влијаат врз малите деца. Секако, проблем е и тоа што на децата тешко дека може да им се објасни што всушност претставува алгоритамот и како тој функционира, а понекогаш им овозможува и гледање на содржини до кои не би требало да имаат пристап.

Некои родители сметаат дека можеби подобар избор е телевизијата, бидејќи дури и да има несоодветна содржина, поради поголемиот екран, родителите можат подобро и побрзо тоа да го забележат и соодветно да реагираат.